НОВИ ЦЕНИ: Бензините поскапуваат за 3,5 денари
Како што беше најавено Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на енергенсите кои се зголемуваат.
Имено, малопродажната цена на еуросупер бс-95 се зголемува за 3 денари по литар и ќе изнесува 62 денари за литар. Цената на еуросупер бс-98 се зголемува за 3,5 денари по литар и ќе се точи за 64 денари. Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,5 денари и еден литар ќе се продава за 51 денар.
Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 денари за литар.
Слично
