Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови судски спорови за црковниот имот во Австралија

Нови судски спорови за црковниот имот во Австралија
Македонската заедница на црковни општини во Австралија бара од МПЦ на владиката г.Петар да му забрани да поднесува нови тужби за имотот на црковната општина „Св.Петка“ од Рокдејл. Наместо за судски спорови, парите на црквата да се трошат за добротворни цели, бара ова здружение. Спорот кој со години го водат Здружението на Македонските заедници во Австралија и Владиката Петар околу имотот на црквата Св.Петка во Сиднеј до сега заедницата ја чинело над 3,5 милиони долари. „Ако Синодот сеуште не е подготвен за таква мерка, во најмала рака треба да донесе официјална забрана за продолжување на новата тужба на владиката Петар, а прашањето околу тоа кој смее или не смее да биде член на општината, да го реши Синодската комисија, назначена во 2012 за разрешување на долгогодишните спорови со владиката Петар во Австралија“ вели претседателот на здружението, Игор А. Александров. Владиката Петар сега покренува нова тужба против 891 верник на Св. Петка со барање да се откажат од членство во општината затоа што не се признати како членови од страна на свештеникот Митко Митрев. Така, општината би останала само со 6 членови, приврзаници на Петар, кои би можеле со одлука на генерално собрание да му ги препишат имотите.
Слично

Поврзани вести