НОВИ СОЗНАНИЈА ЗА ОМИКРОН: Колку луѓе се заразуваат од едно инфицирано лице со новиот сој, д-р Јовановиќ со детали
Омикрон варијантата
на на корона вирусот, кој првпат беше откриен пред месец дена во Јужна Африка, од
вчера и официјално е регистриран во соседството, во Србија и во Албанија по
едно лице, во Грција повеќе од 30. Директорката на Институтот „Батут“, во
Србија д-р Верица Јовановиќ утринава на
РТС зборуваше за нови сознанија околу преносливоста на оваа варијанта.
„Кога станува збор за брзината на пренесување на оваа варијанта на вирусот, утврдено е дека тој многу брзо се шири каде и да е присутен, дека инфекцијата се јавува истовремено од едно лице на пет до шест лица и дека вирусот се размножува со многу висока стапка“, рече д-р Јовановиќ.
Таа нагласи дека „заразноста на вирусот е зголемена“, а што се однесува до мерките што се применуваат, вели дека се уште остануваат на сила, но дека пред се „треба да се земат предвид сите лични превентивни мерки“.
ФОТО: YouTube printscreen