Нови социјални станови ќе се делат на ранливите категории
Доколку сте станбено необезбедени а припаѓате на социјално ранливите категории граѓани имате можност да добиете кров над глава преку огласот на Владата.
Имено, 101 стан ќе бидат распределени а сите заинтересирани имаат можност да аплицираат до 16 ноеември годинава.
Се што треба е да припаѓате на оваа категорија граѓани:
1. Деца без родители и родителска грижа, лица над 18 години кои до својата 18-та година биле згрижени во институции и други облици за згрижување на деца без родители.
2. Корисници на социјална или постојана парична помош.
3. Лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на правниот статус на нивните постојни примарни живеалишта.
4. Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејство со инвалидизирани лица.
5. Лица припадници на ромската заедница социјално загрозени, согласно стратегијата за Ромите на РМ.
6. Самохрани родители со малолетни деца.
7. Слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.
Меѓутоа лицата кои ќе аплицираат треба да исполнат и неколку услови : да бидат државјани на РМ, да бидат со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и лицето кое се пријавува да не поседува стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територија на Македонија.
Документацијата ќе може да се поднесува во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината за каде се однесува огласот.
