Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ СОПСТВЕНИЧКИ ПРЕГРУПИРАЊА ВО „РЕПЛЕК“ - еве колку сега поседува „Настел“ на Азманов, а колку браќата Пецовски

НОВИ СОПСТВЕНИЧКИ ПРЕГРУПИРАЊА ВО „РЕПЛЕК“ - еве колку сега поседува „Настел“ на Азманов, а колку браќата Пецовски

По подолг период, продолжуваат сопственички прегрупирања во фармацевтската компанија „Реплек“. 
Компанијата денеска преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност објави дека еден од акционерите „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов, продал дополнителна количина акции, со што сега располага со пакет од 6,64 отсто од капиталот на компанијата. 
„Акционерот со над 5 отсто, односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 37 акции, со што поседува вкупно 17.201 или 6,64 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата на компанијата на Берзата.

Како што е познато, компанијата „Настел“ беше еден од позначајните акционери во „Реплек“, поседувајќи над 10 отсто од акциите, но потоа почна да продава од своите акции, најизразено во текот на минатата година, со цел, како што своевремено изјави за Фактор, да се посвети на инвестирање во градежниот бизнис. 

Според ЦДХВ, главни акционери во Реплек се браќата Пецовски, кои ја презедоа управата од семејството Туџарови. Имено, Душан Пецовски, со 12,21 отсто, Владимир Пецовски, со 6,35 отсто, Настел ДООЕЛ со 6,64 отсто, Сава пензиски фонд со 6,4 отсто, Ситко Антонио, со 6,37 отсто, Биотек ДОО Скопје, со 6,3 отсто, а Реплек АД како сопствени акции поседува 8,14 отсто. Своевремено преку Берзата беше објавено и дека членот на Управен одбор, Коста Котески поседува 350 акции, додека, пак, Петар Андреевски, член на Надзорен одбор, располага со 30 акции во компанијата

Сопственичката структура на „Реплек“ е прилично разнолика, без доминантен акционер со апсолутна контрола. Ова создава динамична атмосфера на берзата, со зголемен интерес од инвеститорите и чести трансакции. Компанијата пред извесен период изврши поделба на акциите во сооднос 1:10, со цел да ги направи акциите подостапни за поширок круг на инвеститори.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести