Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови случаи на африканска чума во Бугарија

Нови случаи на африканска чума во Бугарија

Нови случаи  на африканска свинска чума се регистриран во селото Осен во Бугарија. 

Еутанизацијата на свињи во Силистра трае, а денеска жителите протестираа блокирајќи ги патиштата поради усмртувањето на домашните свињи.

Според Регионалната дирекција за безбедност на храна во Силистра, сите активности поради африканската свинска чума мора да завршат до петок.

22 095 свињи веќе се еутанизирани и погребани. Следува дезинфекција на областа.

ЕК вели дека ситуацијата е многу загрижувачка и мора да се применат итните мерки.

Слично

Поврзани вести