НОВИ СЕДУМ ЖРТВИ: Ова е најтешкиот ден во Србија откако почна епидемијата
Во Србија за 24 часа има седум нови жртви на Ковид-19.
Ова е најтешкиот ден во Србија откако почна епидемијата.
Директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ, вели дека во последните 24 часа забележани се нови седум смртни случаи од корона вирус, а дека има нови 115 новозаразени, пренесоа српските медиуми.
Со ова, бројот на заразени во Србија се искачи на 900.
Во Србија има 67.000 работници кои се на „чекање“ и оние кои не работат, а околу 168 компании престанаа со производство поради пандемијата на коронавирус.
Србија како и повеќето земји од регионот е во вонредна состојба.
Интересен билборд се појави вчера во Белград. Благодарница испишана на билборд до кинескиот претседател Си Џинпинг, за помошта што таа земја ја испрати до српскиот народ во борбата против коронавирусот.
