Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови роуд-шоуа на повидок, овој пат по инвестиции во Бразил и Аргентина

Нови роуд-шоуа на повидок, овој пат по инвестиции во Бразил и Аргентина
Можностите за инвестирање во нашата земја преку вадините роуд-шоуа годинава  ќе бидат претставени пред странски инвеститори активни во Бразил и Аргентина Потрагата по инвеститори не сопира, иако по силното темпо од роуд-шоуа лани, годинава некако се очекуваше, наместо гости, повеќе да сме домаќини чекајќи ги инвеститорите да ни дојдат. Како што се претпоставуваше, новите роуд-шоуа ќе стартуваат по локалните избори, односно од крајот на април, пишува “Утрински“.  Први на листата за посета се Бразил и Аргентина. Само за една година, економскиот раст во Аргентина е намален за повеќе од 50 отсто, а инфлацијата достигна до 24 отсто и е најголема во Јужна Америка.  Наспроти Аргентина, економијата во Бразил цвета. Сепак од Агенцијата за странски инвестиции  велат дека се' уште се работи на агендата за оваа година, но со засилено темпо течат подготовките за Бразил и Аргентина.
Слично

Поврзани вести