Нови протести за „Монструм“ – Зијадин Села пак на чело на демонстрантите
Струшкиот градоначалник Зијадин Села денеска повторно ги предводи протестите за пресудата во случајот „Монструм“ кои започнаа попладнево по молитвата пред Јаја Паша Џамијата во Скопје.
Демонстрантите, како по обичај се упатија кон судот, но пред трговскиот центар „Мавровка“ има засилено полициско обезбедување и кордони да го спречат нивното движење.
Протестите засега се мирни. Демонстрантите носат албански знамиња и транспаренти со пораки „Измислени докази“, „Македонија=пекол“, „Пред судење проглесени за виновни“.
Како организатор на протестот се јавува Бедри Ајдари, брат на Фејзи Азири, еден од осудените на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
ФОТО: Алмакос
Слично
