Нови протести во Атина против Договорот со Скопје
Со слогани и паноа дека Македонија е грчка, со извици против владата и против Договорот за името од Преспа, со пораки до политичарите дека се предавници, Грци протестираат пред грчкиот парламент на новиот собир за „одбрана на името Македонија".
Медиуми од Грција информираат дека протестот не е масовен, затворени се неколку улици во делот околу грчкиот Парламент, а има и силно полициско обезбедување.
Меѓу демонстрантите има луѓе од сите возрасти, но и свештени лица.
Протест беше најавен и во Солун.
Слично
