Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови протести против загадувањето на Железара в петок

Нови протести против загадувањето на Железара в петок
Граѓанскиот иницијативен одбор за в петок закажа нови протести против загадувањето на воздухот во скопска „Железара“. Протестот е закажан за 16:30 минути, а организаторите најавуваат дека ќе го блокираат главниот влез од фабриката „Макстил“. Ова е втор протест на граѓаните од оваа населба под мотото „Стоп на загадувањето на Скопје од Железарница“. Железарци бараат веднаш во фабриката да се воведат еколошки стандарди за таа да престане да загадува. Во спротивно најавуваат дека протестите ќе ги радикализираат. „Планот е да издржиме овојпат до крај, со блокирање на влезовите од фабриката да успееме да издејствуваме филтри и конечно да проработат еколошките стандарди. Знаеме дека е потребно време, а време многу нема, па ќе пробаме и на друг начин доколку не игнорираат. Постои можност и за искористување на сите правни и законски механизми. Битно беше што почнавме и што мрдна работата. Се надевам дека ќе сфатат сите дека е крајно време да се земат работите во свои раце и да не се чека од никој освен од самите нас да го решиме овој и многу други проблеми. Политиката не треба да се меша во овој долгогодишен проблем. Сакаме да порачаме до сите дека профитот не треба и не смее да биде најважен. Здравјето на луѓето нема цена“, изјави минатата недела за Фактор еден од организаторите на протестот Кристијан Узунов. Владата им даде нови шест месеци на големите индустриски капацитети Макстил и Југохром за да ги воведат интегрираните еколошки дозволи. Притоа му наложи на Државниот инспекторат за екологија да изрече казни кон овие две компании согласно Законот за екологија во висина од повеќе стотици илјади евра доколку компаниите најдоцна до 31.10.2014 не ги комплетираат сите технолошки процеси.
Слично

Поврзани вести