Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови протести кај Гевгелија, судир на мигрантите со бегалците

Нови протести кај Гевгелија, судир на мигрантите со бегалците

Помеѓу мигрантите и бегалците на грчко-македонската граница избиле нереди бидејќи повеќе од 100 луѓе ја блокирале границата во знак на протест што не им е дозволен премин.

Помали групи од земјите како Иран, Пакистан и Бангладеш од вчера го блокираат преминот на границата на Грција со Македонија. Групата Авганистанци која барала да премине, утрово се судрила со демонстрантите, пренесуваат агенциите.

Властите  во изминатите дена престанаа да дозволуваат премин за мигранти кои не се од земјите во војна како Сирија, Ирак и Авганистан, а кои се сметаат за бегалци, да ја преминат границата со Грција.

Грчката полиција рекла дека на граничниот премин на подрачјето Идомени се наоѓаат околу 2500 бегалци кои чекаат во околниот камп и околу 3000 мигранти.

Полициските сили вчера фрлија солзавец на неколку стотици, воглавно пакестински мигранти,кои се обидоа да влезат во земјава од Грција, барајќи премин кон богатите држави на северна Европа.

До нереди дошло отколку 200 луѓе на кои им е забранет влез во земјава, кои потоа тргнале да одат неколку км , долж новоподигнатата ограда на границата, барајќи алтернативен премин.

Слично

Поврзани вести