НОВИ ПРОТЕСТИ: Грците во неколку градови ќе побараат да нема отстапки за Македонија
Поради преговорите за името со нашата земја во повеќе грчки градови се најавени протести на 6 јуни.
Организатори се истите кои ги организираа и оние во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени.
Пораката која ќе ја испратат на протестите е да ги потсетат властите дека грчкиот народ е против каква било отстапка за името Македонија. Велат дека треба да се следи волјата на народот.
Тие веќе стапиле во контакт со локалните власти каде што треба да се одржат протестите и побарале поддршка од нив.
Илјадници Грци во јануари протестираа во Солун, а во февруари во Атина со порака “Македонија е грчка„, при што беше запалено и македонското знаме.
