Нови протести: Бугарите бараат поевтина струја, но и нов политички систем
И вечерва протести во Бугарија кои доаѓаат по оставката на премиерот Бојко Борисов и најавата за одржувањето предвремени избори во Бугарија. Неколку стотици лица се собраа вечерва пред претседателската резиденција во Софија. Демонстраните тврдат дека се против „сите што управувале со државата во последните 23 години“.
Протести се одржаа и во уште неколку бугарски градови и побараа распишување референдум за свикување на Големо народно собрание, кое би донело нов устав со кој би се променил политичкиот систем во Бугарија. Тие побараа систем правен по урнек на моделот во Исланд.
Граѓаните бараат пратениците да се избираат според мнозински изборен систем, да нема „никакви политички партии и државта да му се врати на народот“. Од собирот беа извикувани пароли „Победа“, „Ние сме народот, многу сме“, „Секој ден ќе биде вака - до победата“, „Промена на системот“.
Во повеќе бугарски градови исто така се одржаа и митинзи за поддршка на премиерот во оставка Бојко Борисов.
Паралелно со ова во повеќе градови се одржуваа и протести против чешката енергетска компанија ЧЕЗ, која стопанисува со бугарскиот електроенергетски систем, и против остантите монополски фирми. Демонстрантите бараа поевтина струја, да се разгледаат изададените лиценци за работа на сите монополски компани, а беше побарана одговорност од како што велат виновниците за разграбувањето на државата.
