Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови промени во раководството на „Реплек“

Нови промени во раководството на „Реплек“

Нови промени во раководството на Реплек. Друштвото извести дека Сузана Милошевска си поднела оставка од функцијата член на Управен одбор.

Во компанијата годинава се случија низа турбуленции. По сите акционерски превирања, долгогодишниот прв човек Иван Туџаров на крајот на јули си поднесе оставка од позицијата Управител на „Реплек“, соопштувајќи декаја дава од лични причини. Претходно продаваше дел од својот капитал, а на 9 август годинава му префрли дел од акциите на син му Никола Туџаров. Стануваше збор за 1.500 акции, со што Никола Туџаров сега има акционерски капитал од над 5 отсто, или точно 5,79 проценти.

Додека, пак, Иван Туџаров се симна под пет проценти од акционерскиот капитал. 

За ова компанијата ја извести Берзата преку ценовно чувствителна информација.


Слично

Поврзани вести