Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ФОЛКСВАГЕН: Повлекува 67.000 возила од пазарот!

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ФОЛКСВАГЕН: Повлекува 67.000 возила од пазарот!
Фолксваген повлекува нови десетици илјади возила од пазарите, пишуваат германските медиуми, пренесува Ал Џезеира. Проблемот овојпат е што е можно со далечинскиот управувач за вратите, да се упали и моторот на автомобилот, и ако е во брзина би можел и да тргне, пишува Die Welt. Според Reuters, 67.000 возила ќе бидат отповикани вклучувајќи 20.800 од Германија, што е речиси половина од 132.900 "Кеди" возила продадени минатата година ширум светот. Возачите што го имаат спорното возило во Германија, од фирмата веќе се повикани да дојдат во сервисите за да се отклони можноста моторот да биде стартуван со далечинскиот управувач за отклучување. Спорните возила се произведени од средината на 2012 до јануари 2013. Се уште нема податок колку вакви „Кеди“ возила од тој период се продадени во Македонија. Како најновиот скандал ќе се одрази на Фолксваген останува да се види, откако компанијата се уште е незалечена од проблемите пред неколку месеци кога беше откриен скандалот со софтверот за лажирање на податоци за емисијата на штетни гасови.
Слично

Поврзани вести