Нови предлог политики за подобрување на бизнис соработката со Албанија
На деловниот појадок на тема „Подобрување на бизнис соработката меѓу Македонија и Албанија“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), беа презентирани конкретни предлог политиките кои ќе придонесат за зајакнување на бизнис соработката и подобрување на трговската размена меѓу двете земји.
Претседателот на ССК, Данела Арсовска, истакна дека од анализите за реалните потреби на бизнис секторот произлегоа неколку мерки кои ќе влијаат на подобрување на деловната соработка.
„Мерките кои произлегоа од реалните потреби на бизнис секторот се : Подобрување на размена на информации за економските и трговските активности во двете земји, зајакнување на активностите за промоција на извозот на македонските производи на албанскиот пазар, заедничкa туристичка понуда на прекуграничната област, развој на униформирана методологија за класификација на објектите поврзани со туризмот меѓу Македонија и Албанија, зајакнување на контролата на квалитетот и лабораториски испитувања, поддршка за подобрување на размената на информации меѓу националните статистички организации, како и поддршка за иновации во секторот на мали и средни претпријатија во Македонија и Албанија“, изјави Арсовска.
Слично
