Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови правила значително ги заоструваат процедурите: стапи на сила ETA, еве на кого ќе влијаат овие промени

Нови правила значително ги заоструваат процедурите: стапи на сила ETA, еве на кого ќе влијаат овие промени

Завчера стапи на сила новиот систем за влез во Велика Британија, со кој се менуваат правилата за патници од десетици земји, вклучувајќи ги САД и Австралија.

Станува збор за задолжително електронско овластување за патување (ETA), за кое британската влада тврди дека ќе ја подобри граничната контрола и ќе го модернизира имиграцискиот систем. ЕТА е дигитална дозвола за патување што претставува предуслов за влез во земјата и од 25 февруари им е потребна на повеќето патници кои претходно можеа да престојуваат во Велика Британија без виза.

Новите правила се однесуваат на државјани на 85 земји. По одобрувањето, дозволата овозможува престој до шест месеци, важи две години (или до истекот на пасошот) и дозволува повеќекратни влезови, без разлика дали станува збор за туризам, деловни посети или краткорочно образование.

Виза и понатаму е потребна за подолг престој и работа. ЕТА не е потребна за британските и ирските државјани, како и за одредени категории лица, меѓу кои се и лицата со постојан престој и децата од Франција кои доаѓаат на училишни екскурзии.

Програмата официјално беше лансирана во октомври 2023 година, но беше предвиден преоден период за прилагодување на патниците. Отсега, аплицирањето е задолжително.

Таксата за издавање на ЕТА моментално изнесува 16 фунти, со најавено зголемување на 20 фунти. Апликацијата се поднесува преку мобилна апликација достапна на Google Play и Apple App Store, а повеќето апликанти добиваат одговор во рок од неколку минути.

Сепак, се препорачува апликацијата да се поднесе најмалку три работни дена пред патувањето. Во случај на одбивање, не постои можност за жалба, туку единствена опција е поднесување барање за класична виза.

Дилеми кај лицата со двојно државјанство

Најголеми дилеми предизвикуваат новите правила кај лицата со двојно државјанство. Граѓаните кои имаат и британско и друго државјанство не можат да аплицираат за ЕТА.

За да влезат во земјата, тие мора да приложат британски пасош или дигитален доказ за државјанство поврзан со пасош од друга земја. Без еден од овие документи, постои ризик да им биде одбиен влезот во Велика Британија.

Дополнителен проблем е што британскиот пасош и уверението за државјанство не се издаваат автоматски по стекнувањето на државјанството. Многумина што со години живеат во Велика Британија никогаш не аплицирале за овие документи.

Процесот на издавање може да трае неколку недели и носи дополнителни трошоци – околу 100 фунти за пасош за возрасни и до 589 фунти за уверение за државјанство.

За разлика од претходната практика, кога лицата со двојно државјанство можеа да ја напуштат земјата и повторно да влезат користејќи странски пасош, новите правила значително ги заоструваат процедурите и бараат јасна потврда за британскиот статус при секој влез во земјата.

Еуправозато

Слично

Поврзани вести