Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови правила за онлајн трговците

Нови правила за онлајн трговците
Нови правила за трговците во Европската унија (ЕУ), кои ги продаваат своите стоки и услуги на интернет стапуваат во сила од 15-ти февруари.

Онлајн трговците ќе бидат обврзани во своите сајтови да постават линк до интернет платформата за решавање на потрошувачките спорови (УРС) на Европската комисија.

Покрај тоа, трговците ќе треба да остават адреса на електронска пошта на својата интернет страница, за да можат корисниците да се поврзат со нив при евентуално стигнување до спор.

Во исто време земјите членки ќе треба да се осигураат дека трговците кои развиваат активности во границите на Унијата, ги информираат клиентите за платформата УРС.

 ЕУ смета дека на овој начин ќе се обезбеди подобра заштита на потрошувачите, а на платформата тие ќе можат да научат повеќе за своите права.

Слично

Поврзани вести