Нови пожари на два грчки острови
Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари, откако соопштија дека делумно се ставени под контрола пожарите на островите Андрос и Закинтос.
Во гаснењето во селата Килиоменос и Махерадо во Заклинтос учествуваат 10 пожарникари со пет возила, еден канадер, два авиона и еден хеликоптер.
Како што соопштуваат од грчката противпожарна служба, пожарот во областа Амолохос на грчкиот остров Андрос е ставен делумно под контрола и во гаснењето учествуваат осум пожарникари со четири возила и два авиона.
Во изминатите 24 часа грчката противпожарна служба интервенирала за гаснење на 32 шумски пожари.
„Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности на отворено кои може да предизвикаат пожари, како што е фрлање на запалени цигари, палење сува трева и гранки или остатоци од чистење, употреба на машини пто создаваат искри, како што се пили, апарати за заварување, употреба на скари и сл,“ соопштуваат од секретаријатот за цивилна заштита во препораките до граѓаните за избегнување пожари.
