Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови пониски цени на горивата од полноќ

Нови пониски цени на горивата од полноќ

Нови цени на горивата има од вечерва на полноќ.

Бензинот ќе поевтини за еден денар по литар, а дизел горивото за 1,5 денари по литар. Поевтинувањето е поради намалувањето на цените на светските берзи, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Комисијата информира дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 4,255 отсто, кај дизелот за 5,212 отсто, кај екстра лесното масло за 5,258 отсто и кај мазутот за 4,219 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денар/литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и наведе дека се намалува и цената на мазутот.

Од ноќеска по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 66,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 68,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 55,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 44,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,426 (денари/килограм)

Слично

Поврзани вести