Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ОГЛАСИ ЗА РАБОТА ВО ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА – Министерството за транспорт ќе пополнува повеќе позиции

НОВИ ОГЛАСИ ЗА РАБОТА ВО ДРЖАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА – Министерството за транспорт ќе пополнува повеќе позиции

Министерство за транспорт бара кандидати за пополнување десетина работни позиции. На веб страната на Агенцијата за администрација објавени се огласи со кои се бараат заинтересирани лица кои би работеле во оваа институција.

Условите за заинтересираните се горе доле слични, се бара кандидатите да се државјани на Македонија, активно да го користат македонскиот јазик, да се полнолетни, здравствено способни и без судска забрана за вршење професија. 

Дополнително, потребни се:  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, положен испит за административно управување, активно познавање на англиски, француски или германски јазик  и положен правосуден испит. 

Се бара идните работници во Министерството за транспорт да имаат високо образование, но за различни позиции има различни посебни услови.

Од огласите може да се види дека платите за овие различни позициите се движат од 27 илјади денари, па се до 43 илјади денари.

Меѓу позициите кои треба да се пополнат е самостоен инспектор, кој треба да има факултет од областа на Oпштествени науки - Право. За оваа позиција платата ќе достигнува 34.333 денари. 

Се бара и помлад соработник за организациски работи, исто со високо образование со плата од 30.174 денари, и секако треба да има високо образование. Исто плата би имал и помлад соработник за превод, лекторирање и редакција, и секако тој треба да има високо образвоание од хуманистичките науки.

Најниски плати од сегашните огласи се за позициите помлад референт за документација во урбана средина и помлад референт – технички секретар во инспекторатот за плата од 27.011 денари.

Се бараат и Помошник раководител на сектор за управни работи во втор степен, кој треба да има високо образование од областа на правните науки, но и искуство во струката од четири години. За оваа позиција се нуди највисоката плата во рамки на овие огласи од 43.821 денари.

Работното време за сите позиции е слично, осум часа во текот на денот од понеделник до петок. Огласите истекуваат во следните денови, поточно на 24, 25 или 26 декември. Сите детали на веб страната на Агенцијата за администрација.

П.О.

Слично

Поврзани вести