Нови одлуки на Комисијата: Се укинува полицискиот час, се враќаат ноќните забави, неограничен број на гости на свадбите
Утрово Комисијата за заразни болници донесe одлука на Кризниот штаб да му биде предложено од 16 јуни да се укине целосно полицискиот час. Според Комисијата, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.
Исто така, предложено е да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
Третата одлука е да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.
За препораките Владата ќе дискутира на следната седница.
Слично
