Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ НАВРЕДИ: За Ердоган Европа е скапана и е центар на нацизмот

НОВИ НАВРЕДИ: За Ердоган Европа е скапана и е центар на нацизмот

Претседателот на Турција,  Реџеп Таип Ердоган вчера упати нови обвинувања кон Европа. 

Тој рече дека во неа гледа „еден континент кој скапува и „центар на нацизмот“, пренесе БТА.

„Европа веќе нема што да ни каже, ниту на нас, ниту на некој друг. Расистичките партии ги држат во раце европските лидери и влади. Европа веќе не е центар на демократијата, човековите права и слободи, туку на угнетување, насилство и нацизмот“ - изјави Ердоган. 

Оваа изјава на Ердоган доаѓа по неколкунеделните тензии меѓу ЕУ и Турција по укинувањето на манифестации на приврзаници на претседателот Ердоган во неколку европски земји, пред се  Германија и Холандија. 

Слично

Поврзани вести