Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови населби за бегалците ќе „никнат“ во Грција

Нови населби за бегалците ќе „никнат“ во Грција

Нови населби за бегалците со куќи наместо шатори  ќе започнат да се градат кон крајот на јуни во Грција.

Поголемиот дел од привремените објекти за сместување ќе бидат урнати во септември, изјави грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас. Распределбата на бегалците во Грција ќе се врши врз основа на географски и податоци за населението. Музалас вели дека следен приоритет на Владата е трансфер на бегалците од поранешниот аеродром во Елинико. Објасни дека постапката за азил е во тек, а секој ден се разгледуваат по 50 случаи. Музалас вели дека се одолговлекува сместувањето на малолетни лица без придружба. До крајот на јуни ќе има уште 800 нови места за сместување.

Музалас истакна дека договорот меѓу ЕУ и Турција е клучен за позитивен исход во однос на прашањето за бегалците.

“Ние ги исполнивме нашите ветувања, ЕУ и Турција треба да го сторат истото - рече тој и додаде дека присуството на НАТО не го намали протокот на бегалци, но така било договорено“ - вели тој.

Музалас смета дека западниот свет мора да усвои политика за миграцијата,  затоа што миграцијата ќе трае со години поради војните, сиромаштијата и климатските промени.

Слично

Поврзани вести