НОВИ МЕРКИ ЗА ТРУДНИЦИ: Прегледите во текот на бременоста ќе бидат бесплатни
Со цел да се намали смртноста кај бремените жени и новороденчињата донесени се четири нови мерки во здравствениот систем.
Со нив се предвидува сите прегледи во текот на бременоста, да бидат бесплатни. Тоа вклучува гинеколошки и микробиолошки прагледи на бремените жени, биохемиски анализи, советување на бремените жени, вклучувајќи го и породувањето.
Освен тоа со мерките се предвивуда бесплатен гинеколошки преглед на жените од ромската популација, како и гинеколози од Универзитетската клиника и клиниката во Чаир еднаш неделно да работат во Здравствените домови.
Инаку, цела Европа, најмногу новороденчиња умираат во Македонија, покажуваат податоците на Платформата за родова еднаквост и Х.Е.Р.А.
Градови кои се први на листата се Дојран, Берово, Гевгелија и Крушево.
Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека стапката на смртност на новороденчиња непосредно по раѓањето е 14,3 отсто што е на највисоко ниво во Европа и тројно повисоко од Европскиот просек кој изнесува 5,2
