Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови мерки за странците, полесно ќе купуваат куќи и ќе земаат македонско државјанство!

Нови мерки за странците, полесно ќе купуваат куќи и ќе земаат македонско државјанство!
Владата донесе мерки за измена на Законот за странци со цел странските државјани да добијат поголем временски интервал за престој во Република Македонија, како и за измена на уредбата за добивање на државјанство. Како што истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и двете мерки се во насока на привлекување странски капитал и олеснување на реализација на инвестициите од странство.

Исто така , посочи Ѓорѓиев, досегашните податоци покажале дека  развојот на оваа дејност, односно купување од странци на имот во Република Македонија е многу мал.

„Проценките се дека со ограничувањата кои ќе бидат симнати со измената на овие закони ќе се зголеми атрактивноста на понудата, а и преку анимацијата преку дипломатско конзуларните претставништва на Македонија и директната презентација на овие информации преку економските промотори, роуд шоуата на странските пазари на недвижности, се очекува дека со усвојувањето на измените и веќе во почетокот на следната година би имале првични влезови на капитал во оваа дејност затоа што и при многубројните посети што се правени од страна на владините претставници или пак информациите што ги добиваме од економските промотори говорат дека Република Македонија е атрактивна за странците за купување имот, куќа или стан“, рече Ѓорѓиев.  
Слично

Поврзани вести