Нови мерки за стипендии и бесплатно дооформување на образованието
Две нови мерки во делот на стипендиите и дооформување на образованието, донесе Владата. Едната се однесува на плаќање на полна стипендија за сите ученици кои ќе се запишат на постдипломски студии на најреномираните факултети.
Владата ќе ги исплаќа сите трошоци за школарина и престој. Единствена обврска на студентите кои ќе добијат ваква стипендија е по завршувањето на студиите да работат во Македонија во двојно поголем период отколку што им траеле студиите.
Поконкретно, се работи за студенти кои ќе се запишат на најреномирани универзитети во светот од областа на филм, музика и ликовна уметност.
Втората мерка е по барање на граѓаните за обезбедување на бесплатно дооформување на образование.
-Оние кои имаат завршено тригодишно стручно образование, а немаат четврта година, со оваа мерка ќе можат тоа да го направат бесплатно. Досега за ова плаќаа 2.500 денари годишно и 1.000 денари по испит, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на владата.
Тој најави дека од следната година нема да има трошоци и за оние коишто имаат само основно образование, а сакаат дополнително да завршат средно.
Слично
