НОВИ МЕРКИ: За летување во Грција ќе мора да платите данок
Туристите кои ќе сакаат да летуваат во Грција ќе мора да платат данок дури и кога ќе резервираат хотел во текот на половина ден.
Ова беше објавено од страна на грчките власти, објаснувајќи ги спецификите на данокот од одморалиштата, кој стапи на сила на 1 јануари оваа година.
Данокот се однесува на сите туристи кои се сместени во хотелите од сите категории или во лиценцирани опремени апартмани или куќи.
Во зависност од категоријата, данокот по турист по ден е следен:
за хотели со 1 и 2 ѕвезди – 0,5 евра;
за хотели со 3 ѕвезди – 1,50 евра;
за хотели со 4 ѕвезди – 3 евра;
за хотели со 5 ѕвезди – 4 евра.
Данокот исто така треба да се плати за краткорочни изнајмувања преку онлајн платформи, но само во случаи кога има дополнителни услуги – појадок или обезбедување на постелнина. Во овој случај, данокот по лице е 0,5 евра дневно.
