Нови летови од скопскиот аеродром!
Денеска на скопскиот аеродром ќе бидат промовиранио новите линии на Виз ер, кон Берлин, Копенхаген и Братислава.
Неодамна во интервју за Фактор, Алпер Ерсој, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија, најави значајни новини во Скопје и во Охрид:
„Во 2016 година, како што веќе најавивме, благодарение на обновената соработка меѓу ЧеХ ерлајнс што е направено од страна на ТАВ холдингот, Скопје ќе биде повторно поврзан со Прага. Од 20.мај Чех ерлајнс ќе почне да лета на релација Скопје-Прага три пати неделно, а картите за оваа линија се веќе во продажба.
Од март годинава, нискобуџетната авиокомпанија Визер, ќе ги отвори трите нови линии од скопскиот аеродром, за Берлин, Копенхаген и Братислава.
Во 2016 година, исто така очекуваме значаен развој на охридскиот аеродром. Со задоволство можеме да најавиме дека еден од најголемите тур-оператори Томас кук, ќе почне да организира чартер-летови до Охрид ова лето. Новина за охридскиот аеродром Св. Апостол Павлесе и најавените чартер-летови од Израел, кои заедно со традиционалните летови од Холандија, Белгија, Швајцарија и Австрија, ќе придонесат за поголем прилив на туристи во Охрид“, рече Ерсој.
Слично
