Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови крила за охридскиот туризам: Од денес директни летови до Братислава, наскоро и до Милано

Нови крила за охридскиот туризам: Од денес директни летови до Братислава, наскоро и до Милано

Од денеска 17 Март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, објави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано.

Овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.

Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.

Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри„, напиша тој.



Слично

Поврзани вести