НОВИ ИНФОРМАЦИИ: Загинатиот кај Кукуш е грчки државјанин, Македонецот се враќа жив
Грчките медиуми објавија нови информации - лицето кое загинало во излетаниот автомобил кај Кукуш всушност бил грчки државјанин. Тој се возел со возило кое го управувал македонски таксист, јави Канал 5.
Македонецот е жив и здрав, тој бил сослушан од грчката полиција и бил пуштен да се врати во Македонија. Возилото со македонски регистерски таблички излетало во канал заради лошите временски услови на патот и надојдените води, по што таксистот успеал да се извлече и да побара помош.
Првичните информации беа дека загинатиот е македонски државјанин, а забуната веројатно настанала заради македонските таблички на возилото.
Според информациите на Канал 5, таксистот работел за кочанска такси компанија и превезувал патник од Грција. Грчкиот државјанин е втора жртва на поплавите во регионот на северна Грција.
Слично
