НОВИ ГРИЖИ ЗА ЕРДОГАН: Што го мачи овој пат?
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од весникот „Хуриет” вели дека напад против Идлиб во Сирија ќе биде кланица, ама претстојниот самит во Техеран на кој ќе присуствуваат Иран, Русија и Турција, и ќе доведе до позитивни резултати.
Турција, која поддржува некои бунтовници против сирискиот претседател Башар Ал Асад се надева на позитивен резултат од самитот во Техеран, која ќе се одржи подоцна во текот на неделата.
„Ќе се третира ова прашање до позитивно решение со самитот во Техеран, која е продолжение на Астана. Се надевам дека ќе успееме да спречиме екстремизмот на сириската влада во овој регион“- изјавил Ердоган.
При официјалната посета на Киргистан, Ердоган изјави дека патоказот за северниот сириски град Манбиж, договорен меѓу Анкара и Вашингтон во јуни, нема да продолжи по истиот пат.
