Нови фискални каси во Хрватска
Хрватската влада го усвои предлог законот за фискализација во прометот со готовина, кој треба да стапи во сила на 1-ви јануари 2013 година.
Целта е со овој закон Министерството за финансии да добие поефикасна контрола над остварениот промет во готовина и да се намали сивата економија, посебно во угостителството и во туризмот.
Планот е да се воведат фискални каси кои ќе бидат поврзани директно со даночната управа. Како што истакна Министерот за финансии Славко Линиќ, на овој начин треба конечно да се спречи праксата трговците кои работат со готовина да искажуваат помали прометии приходи од реалните.
Слично
