Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЕВТИНИ ЛЕТОВИ: Oд Скопје ќе се лета до уште три дестинации

НОВИ ЕВТИНИ ЛЕТОВИ: Oд Скопје ќе се лета до уште три дестинации

Авиокомпанијата “Визер”  ја проширува својата понуда на летови, па од март годинава ќе воведе линии за уште три дестинации.

Според најавите, од аеродромот во Скопје ќе може да се да се патува  до Берлин, Братислава и Копенхаген, за релативно евтини билети.

Почетна цена на авиобилетите ќе биде 1.799 денари за Берлин и 1.499 денари за Братислава и Копенхаген.

Нискобуџетната компанија Визер има три авиони кои сообраќаат на давата аеродроми во Македонија. Само на скопскиот аеродром „Александар Велики”  за пет години превезла кон и од Македонија над 2 милиони патници.

Овој унгарски превозник е субвенциониран од Владата на Македонија одржува 24 линии кон 11 земји.

Слично

Поврзани вести