Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови економски предизвици за Хрватска пред влезот во ЕУ

Нови економски предизвици за Хрватска пред влезот во ЕУ

Меѓународната агенција за рејтинг-Фич ја предупреди Хрватска дека ќе има ограничена полза од членството во ЕУ, ако не го подобри пазарот на труд и не ги отстрани пречките за инвестиции.

„Влегувањето воУнијата во јули би требало да се одрази позитивно на изгледите за економски раст на Хрватска, но користа од тоа ќе биде ограничена поради недостигот на надежна среднорочна програма за структурни реформи“, изјави Микеле Наполинато, директор во „Фич“.

Во декември минатата година агенцијата „Стандард енд Пурс“ го намали рејтингот на Хрватска до неивестициска категорија, а минатиот месец истото го стори и агенцијата „Мудис“.

Вчера и мисијата на Меѓународниот монетарен фонд излезе со препораки до Хрватска дека мора да ги намали своите трошоци. Според ММФ на Хрватска и е потребна фискална консолидација и структурни реформи, намалување на трошоците за пензии и здравство и внесување на измените во Законот за работни односи.
Слично

Поврзани вести