Нови членови во Одборот на директори во Окта
Николаос Скандалис и Јоанис Розис се избрани за нови членови на Одборот на директори на компанијата „ОКТА“.
Новите членови доаѓаат на местото на Сарантос Кириакопоулос, кој замина во пензија и Христос Ѕолас, кој останува да работи во Хеленик Петролеум Групацијата.
Скандалис, кој воедно е поставен и за претседател на Одборот на директори, е главен на оперативните активности на рафинеријата во Хеленик Петролеум Групацијата.
Мандатот на новите членови треба да биде потврден на следното Собрание на акционери.
Рафинеријата „Окта“ неодамна објави дека го намалува бројот на вработени, а 186 работници се најдоа на списокот како кандидати за доброволно заминување со отпремнина.
Рафинеријата не преработува сурова нафта повеќе од една година. Менаџментот на компанијата тврди дека тоа е во интерес и на сопствениците, но и на вработените бидејќи производството создава загуба. Според нивните пресметки, при работа се создаваат загуби од 70 до 75 долари за секој преработен тон сурова нафта.
Дури 3 милиони евра загуба прокнижи единствената рафинерија во Македонија во првите три квартали од изминатата година. За разлика од лошите 2013-та и 2012-та, рафинеријата која продава и на домашниот, но и на српскиот и косовскиот пазар, во 2011 година оствари профит од 4,9 милиони евра.
Слично
