Нови деведесетина мигранти пристигнале на островот Самос во Грција
Една жена била пронајдена мртва,
односно удавена на грчкиот остров Самос во Егејското Море, каде што пристигнале
51 мигрант, а група од 41 мигрант биле спасени, објави грчката крајбрежна
стража.
Според мигрантите, една жена, која е пронајдена мртва,
паднала во водата пред групата од 51 лице
да успее да избега на карпестиот брег во близина на пристаништето Карловаси во
Самос, објави крајбрежната стража.
Грчката патрола спасила втора група од 41 лице на
брод кој имал тешкотии во морето во Самос и безбедно ги пренесле во
пристаништето.
Самос е еден од петте грчки острови во Егејското
Море, каде што голем број на мигранти и бегалци секојдневно пристигнуваат од
Турција, во обид да стигнат до побогатите делови на Европа.
Приливот на мигранти значително се зголеми од
почетокот на јануари.
Кампот во Самос е најнаселен, со 3.700 жители,
според официјалните податоци.
Грчкиот министер за мигранти, Димитрис Вицас,
неодамна објави дека во Самос ќе биде отворен нов камп за решавање на проблемот
со пренаселеноста.
