НОВИ ДЕТАЛИ за кариерата на опасниот специјалец кој го ликвидираше рускиот амбасадор
Иако официјална Анкара убиецот на рускиот амбасадор Андреј Карлов го поврзува со лидерот на опозицијата во егзил Фетулах Ѓулен, се уште има многу дупки кои го ставаат тоа под знак прашалник.
Всушност, има многу сомненија кој е, на кој му припаѓа и за чиј интерес 22-годишниот полицаец Мевлут Meрт Алтинтас го уби од зад грб рускиот амбасадор во овој деликатен политички момент. Алтинтас е роден на 24 јуни 1994 година во југозападниот регион на Ајдин кој излегува на Егејското Море. Полициската академија завршил во Измир, а последните две и пол години тој бил припадник на специјалните сили кои се задолжени за „растурање“ и осигурање на протести. Како припадник на тие војници во осум пати учествувал во заштита на претседателот Реџеп Таип Ердоган по неуспехот на државниот удар во јули, пишуваат медиумите денес, ден по погребот на амбасадорот Андреј Карлов и комеморацијата на која ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.
„Тој беше член на групата која се грижеше за безбедноста на претседателот, веднаш зад телохранителите“ - изјавил Абдулкадир Селви, новинар близок до надлежните органи.
Единицата на Мевлут само неколку дена претходно беше упатена и на протестот против учеството на Русија во Сирија пред руската амбасада во Анкара.
Интересно е дека некои медиуми наведуваат како Алтинтас во време на пуч против Ердоган бил во Дијарбекир, но веднаш се вратил во Анкара да го поддржи претседателот. Освен тоа, Алтинтас по пукањето на смртоносните куршуми во амбасадорот Карлов извикувал пароли „Нема да ја заборавиме Сирија“, „Нема да го заборавиме Алепо“, „Сите кои ги закрвавивте рацете во тоа злосторство ќе бидете казнети“ и извикувал Алах Акбар држејќи го пиштолот во рака додека показалецот предупредувачки го вперил кон таван, што е „заштитен знак“ на исламските радикали.
Освен што извикувал дека сака да умре како маченик, по убиството на амбасадорот Мевлут не се ни обидувал да пука, ниту земал заложници, а не планирал ниту да избега.
Откако атентаторот е ликвидиран, уапсени се неговите родители, и сестра, и цимер,исто така полицаец. Во моментов воопшто не е јасно на која орагнизација или насочување напаѓачот му припаѓал и дали дејствувал сам. Но, сосема е јасно дека турските сили на безбедноста ќе настојуваат на Русија што побрзо да и достават докази како власта нема никави врски со убиството.
Турција и Русија основале заедничка комисија за истрагата на убиството на дипломатот, убиен со неколку куршуми зад грб, а руска делегација од 18 членови пристигна во вторникот наутро во Анкара да учествува во истрагата.
Путин ја одложи традиционалната прес-конференција поради комеморацијата
Претседателот Владимир Путин ќе присуствува во Четврток на комеморацијата за убиениот амбасадор Карлов, соопштија од Кремљ.Предвидена е и верска церемонија што ќе се одржи во соборниот храм на Христос Спасителот во Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави во средата дека Путин одлучил да ја одложи својата традиционална годишна прес-конференција и да ја одржи во петокот, за да може да присуствува на комеморацијата.
Кремљ, исто така, во средата објави дека е премногу рано да се заклучи кој стои зад убиството на рускиот амбасадор во Турција, откако Анкара ја обвини мрежата на Фетулах Ѓулен.
Долниот дом на рускиот парламент повика на засилување на безбедносните мерки за руските дипломати во странство, по убиството на амбасадорот.
