Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕТАЛИ: Србинот кој до смрт претепа охриѓанец, бил под дејство на дрога

НОВИ ДЕТАЛИ: Србинот кој до смрт претепа охриѓанец, бил под дејство на дрога

Нови кривични пријави доби српскиот државјанин кој е главен  осомничен за убиството на младиот охриѓанец Димитар Матлиески.

Србинот Бојан Угреновиќ од Краљево, кој на новогодишната ноќ брутално го претепа до смрт охриѓанецот, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства.

Полицијата поднесе кривична пријава против него под сомнение дека тој заедно со неговите двајца пријатели користеле амфетамин.

Претходно против него беше поднесена и кривична пријава за сторено кривично дело „убиство на свиреп начин“.

Бруталното убиство на младиот Матилоски се случи на први јануари околу 02:30 часот во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид.

Несреќниот настан започнал со жестока расправија во барот меѓу Матилоски и двајца негови другари и тројцата Срби. Во вербалната расправија настанала и меѓусебна турканица во објектот „Табина”, каде имало новогодишна забава, и каде биле сместени тројцата осомничени.

По расправијата, Матилоски излегол од локалот и тргнал да си оди дома. Веднаш по него излегол и првиот осомничен, со намера да се пресмета со охриѓанецот. Србинот физички го нападнал и го удирал со рацете и нозете по главата. Овие удари беа смртоносни за 27-годишниот Матилоски, кој веднаш откако бил однесен во охридската болница им подлегнал на повредите.

По убиството, двајцата другари на Б.У кој е главен осомничен за смртта на охриѓанецот, се вратиле во „Табана”. Обидувајќи се да го прикријат делото, тие го сместиле Б.У во соба на нивни пријателки, а подоцна кога се осигурале дека е безбедно, го вратиле во неговата соба.

Таму ги пронашла полицијата, каде освен тоа нашла и траги од крв на дел од облеката на првиот осомничен.

Слично

Поврзани вести