Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ДЕТАЛИ: Вака е убиен богаташот пред сопствениот клуб во Сараево

НОВИ ДЕТАЛИ: Вака е убиен богаташот пред сопствениот клуб во Сараево

Наследникот на богатото семејство Милош Остоиќ (30) е убиен синоќа во Лукавица во Источно Сараево, со огнено оружје.

За сега се знае дека убиецот на Остоиќ му приредил заседа пред клубот, го чекал некое време и штом излегол од возилото пукал во него.

-Непознато лице синоќа во 23,05 часот во Караѓоргевата улица во Источно Ново Сараево од огнено оружје тешко го ранил мажот со иницијали М.О. кој потоа е превезен во болницата „Србија“ каде недолго потоа им подлегнал на повредите.


Жртвата потекнува од многу имотно семејство, имаат неколку приватни фирми, и голем број мештани на Источно Сараево се вработени кај нив. Исто така, и локалот пред кој Милош е убиен бил во сопственост на неговото семејство, како и пекарата Златно зрно и палачинкарницата Златно зрно во Источно Сараево.

Сите личности кои беа приведени во текот на вчерашниот ден а кои се доведувани во врска со убиството на Остоиќ се ослободени, потврдуваат сараевските институции за тамошните медиуми.

Убиецот кој дошол со Голф петка , кој накнадно е пронајден запален во селото Иваничи во општината Ново Сараево, испукал три куршуми во Остоиќ.

Откако се сослушани, маж и жена кои се предадени во ПУ Источно Сараево, се пуштени на слобода , како и сите други кои се приведени во текот на вчерашниот ден, пренесува радиосараево.ба.


Фото: радиосараево.ба.

Слично

Поврзани вести