Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Поскапување од полноќ

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Поскапување од полноќ

Цените на бензините и дизел-горивото ќе се зголемат од ноќеска на полноќ.

Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика. 

Бензините ќе поскапат од 1,5 до два денари за литар. Цената на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари, додека цените на „еуросупер БС-98“ и дизелот се зголемуваат за 1,50 денари. Ќе поскапи мазутот што ќе се продава по 28,038 денари за килограм.

Како што информираат од Регулаторната комисија новите повисоки цени на бензините следат поради повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период.

Слично

Поврзани вести