Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи Регулаторната комисија за енергетика

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи Регулаторната комисија за енергетика

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста. 

Ваква одлука денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се прави намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а на ЕУРОСУПЕР БС- 98, 67 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 39 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,319 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 5,636 денари за килограм

Како причина за намалувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги наведуваат за 1,71% пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,27% понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Слично

Поврзани вести