Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Бензините надолу, а дизелот и екстралесното поскапуваат за по еден денар

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Бензините надолу, а дизелот и екстралесното поскапуваат за по еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за  0,40 отсто. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за еден денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95             72,00  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98               74,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)             63,00  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)          65,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС  39,780  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалувањесамо кај бензинотза 3,175 отсто, додека кај останатите е регистрирано зголемување и тоа кај дизелотза 1,873 отсто, кај екстра лесното масло за 1,964 отсто и кај мазутот за 1,141 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,722 отсто.

Слично

Поврзани вести