Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА - дизелот поевтин за половина денар, бензините надолу за еден и за денар и половина

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА - дизелот поевтин за половина денар, бензините надолу за еден и за денар и половина

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар за литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денари за литар.

Намалување од 0,50 денар/литар има кај малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751денар/килограм и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.

Од 24.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95        70,50  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98         72,00  (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)       61,50  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    61,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                           35,930  (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 3,794 отсто, дизелот за 2,287 отсто, екстра лесното масло за 2,886 отсто и кај мазутот намалувањето е за 2,781 отсто.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисок за 0,043 отсто.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.8.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести