НОВИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНИТЕ: Поскапуваат за 3,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика денеска
соопшти дека од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат за 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за
енергетика.
Новите цени на бензините ќе бидат: 54 денари за „евросупер БС-95“ и 56 денари за „евросупер БС-98“, додека дизелот ќе се продава за 45,5 денари за литар.
Претседателот на РКЕ, Марко Бисломовски изјави дека во текот на изминатата недела цените на сите нафтени деривати е зголемена дури и за 50 отсто.
-Пазарот реагира на намаленото производство како резултат на одлуката од последниот состанок на ОПЕК, на кој се заклучи да се ограничи производството на сурова нафта, со што практично се прави обид да се почне со урамнотежување на понудата и побарувачката на пазарот со сурова нафта. Иако пазарот реагира на намаленото производство, сè уште цените на нафтените деривати во овој момент се под нивото на цените на нафтените деривати што ги имавме минатата година, вели Бислимовски.
