Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови автопати, бизнис инкубатори, гасификација – реални мерки или празни балони?

Нови автопати, бизнис инкубатори, гасификација – реални мерки или празни балони?
СДСМ најавува нови мерки за подобрување на економската состојба, ВМРО-ДПМНЕ реагира- ветувањата на Заев се бетер од тие на Црвенковски. Три нови мерки објави денеска опозицијата, нови автопати, гасификација и бизнис инкубатори. Според лидерот на партијата Зоран Заев, СДСМ штом ја преземе власта ќе почне со постапката за изградба на три нови автопати – од Велес до Битола, од Штип до Кочани, како и проширување со уште една лента на патото од Кочани до граничниот премин Делчево. Третиот автопат ќе биде тој од Удово преку Вељуса и Струмица до граничниот премин Ново Село. Тој додаде дека заминувањето на младите луѓе надвор од земјава сега е најголем пораз на Македонија пред се поради невработеноста. Затоа најави и финасирање по 320 бизнис идеи секоја година, со што би можеле и луѓе во немаштија да отпочнат свој бизнис и на кои ќе им се дадат по 10.000 евра неповратни средства. Најави и отворање на  16 бизнис инкубатори, а порача дека со оваа мерка ќе се вработуваат повеќе од 5.000 главно млади луѓе годишно. Како опозициска мерка ја најави и гасификацијата на цела Македонија преку главна гасификациска мрежа за големите градови и системи за компресиран гас во помалите места. На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочуваат дека постапките на Заев не само што се копија на постапките на Бранко Црвенкувски, туку и ги надминуваат. „Зоран Заев има страв од избори, а неговиот страв од пораз го лекува со надуени, но празни балон предлози и лажни ветувања. СДСМ заборава дека граѓаните најлесно можат да оценат кога некој ги лаже и да проценат што е реално, а што е фикција. Во еден ден паушално да истресете од ракав ветувања за реализација на проекти кои би чинеле над три милјарди евра значи дека или не се разбирате од основните параметри и начини на реализација на крупни капитални проекти или дека дрско и безобразно лажете со цел да извлечете политичка корист за себе“, заклучуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести