Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ АПСЕЊА ВО ТУРЦИЈА: Кој и зошто се апси?

НОВИ АПСЕЊА ВО ТУРЦИЈА: Кој и зошто се апси?

Полицијата во Турција денеска уапси 53 поранешни работници во истанбулската берза поради наводни врски со Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал неуспешниот обид за пуч во јули лани, пишува весникот „Хабертурк“.

Рациите се спроведени рано утринава, а при операцијата на турската полиција извршен е претрес во 70 куќи.

Турското обвинителство наложило притвор за 102 лица во рамките на истрагата.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД, ги отфрла обвиненија дека стои зад неуспешниот обид за пуч во Турција.

Околу 40.000 лица се уапсени поради наводни врски со осуетениот обид за преврат, од 15 јули 2016 година. Под истрага се уште 150.000 лица.

Во рамките на истрагата, околу 145.000 државни службеници, припадници на безбедносните сили и академци се суспендирани или сменети од функциите.

Целта на обидот за преврат беше да се симне од власт турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Слично

Поврзани вести