Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 65 милиони евра од Европската комисија за Косово

Нови 65 милиони евра од Европската комисија за Косово
Со 65 милиони евра  Европската комисија ќе ги помага реформите и изградбата на правосудниот систем на Косово. Како што денеска бече соопштено од Брисел, покрај финансирањето на правосудството, парите ќе бидат насочени и кон регионални проекти за подобрување на животните услови на Ромите, Ашкалиите и Египќаните на Косово, како и за унапредување на руралниот развој, се наведува во соопштение на ЕК. Според еврокомесарот за проширување Штефан Филе, помошта ја  одразува подготвеноста на ЕУ да изгради ефикасна јавна управа, администрација и судови и да ја подобри положбата на малцинствата, како и на сите кои живеат на Косово. Еден дел од парите ќе биде издвоени за покривање на трошоците за тековниот дијалог Белград-Приштина за „нормалиазација на односите меѓу Косово и Србија“, стои во соопштението.
Слично

Поврзани вести