Нови 6 000 бегалци влегле за ноќ од Грција во Македонија
Околу 6.000 луѓе организирано беа донесени во Македонија од Грција само во текот на изминатата ноќ. Македонија е на работ на административниот капацитет. Сите мигранти беа пречекани и започна постапка за нивно регистрирање и идентификација. Во утринските часови грчките власти донесоа уште околу 3.000 луѓе. Овој огромен миграциски поток се очекува да продолжи и во текот на денешниот и во наредните денови.
Од Министерството за внатрешни работи повикуваат на мобилизацијата на полниот капацитет на полицијата и на другите институции. „Мигрантите се транспортираат со возови, автобуси и такси. Ова темпо ќе продолжи и во наредните денови“, предупредија надлежните.
Миграциската криза ја потсети Европа дека Балканот е клучна артерија - коридор кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток. Сега за време на оваа криза со бегалците од овој балкански коридор стана тест за функционирањето на Шенген зоната и за солидарноста на целата ЕУ, изјавил претседателот на Репубика Македонија Ѓорге Иванов. Според Иванов европската солидарност беше изложена на три теста. За жал тој не успеа и на трите.
Првиот од нив е во политиката на добрососедство. Денес наместо стабилни соседи, ЕУ е опкружена со диктатури, војни, хаос, смета Иванов. Вториот тест е во донесувањето на соодветни одлуки откако избија конфликтите на Блискиот Исток, како резултат на што цели заедници беа подложени на прогони и уништување. „ЕУ не успеа да даде единствен одговор и отпор, на овие предизвици, изјавил Иванов. Третиот тест е оној на самата солидарност, откако Европа беше преплавена од бегалскиот бран. Според Иванов некои земји-членки на Унијата решија наместо да бидат солидарни, да дејствуваат егоистично, мислејќи само за себе.
Спротивно на очекувањата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН најави дека во зимата ќе се намали миграциониот притисок, тој не само што не запира, туку напротив се зголемува и земјата ќе треба да се подготви за прием во зимски услови, пишува уште весникот.
Од 19 јуни до вчера во Македонија организирано од Грција пристигнаа околу 140 000 мигранти. На 24 септември европските држави и влади одлучија да опуштат 1 милијарда евра на Турција и 700 милиони на Македонија за справување со проблемот со бегалците. 100 милиони евра беа наменети за итна помош за земјите од ЕУ, кои се борат со приливот на мигранти и бегалци, како и 600 милиони за европската агенција за безбедност на границите „Фронтекс“ и за Европол за следната година.
